
Ниво 5
Курсеви за личен креативен развој
Курсот за личен креативен развој е насочен кон подобрување на индивидуална презентација на кандидатите (на пример: за уметник, курсот може да се соостои од консултација за индивидуални уметнички проекти, потоа нивна професионална презентација во портфолио и слично; за дизајнер, асистенцијата може да биде при брендирање на специфичен производ). Асистенцијата на агенцијата АаД може да биде разновидна и корисна за поединци кои сакаат да работат (или веќе работат) самостојно, како и за мали креативни групи уметници, модни дизајнери, итн. кои имаат потреба од подобрување и професионализирање на својот личен стил.
Курсот ги содржи стандардните програми, но бидејќи барањата на кандидатите можат да бидат различни, агенцијата АаД ја поддржува ‘made-to-measure’ метод на работа. Со други зборови се подржува индивидуалната работна шема во согласност со потребите на секој кандидат поединечно.
Курсот овозможува:
* Стручна помош, планирање и финализирање при подготвување потребен број на креативни проекти.
* Помош и насока во подготовката на дигитално и печатено портфолио и подготовката на sketchbooks.
* Развој на вербални способности за презентација на портфолиото
* Помош и насока во подготовката на персонален блог или личен веб сајт
* Стручна помош и насочување и Советување при пишување биографија, CV и други описни материјали.
* Писмо за препорака (reference letter) од страна на АаД Агенција (во случаи на постигнати 8,5 бодови)
* Лична препорака (во случај кога кандидатот достигнува исклучително квалитетни резултати 10.0 бодови). Предавач од агенцијата АаД ќе воспостави контакт со соодветната институција со цел кандидатот да добие предност. На пример, ако станува збор за уметник, ќе биде контактирана посакуваната галерија или уметничка институција; за дизајнер или архитект ќе биде контактиран посакуваниот произведувач, клиент и слично.
Leave a Reply