ВЕЧЕРВА SHORTLISTED!
Им благодариме на сите који испратија аплицација за нашиот Open Call за стипендија, спонзорирана од Feydom Interiors.
Поради големиот интерес, имињата на кандидатите кои влегуваат во потесниот круг за избор ќе бидат објавени на 03.05. 2014 на нашата веб/страна и FB страната.
Победникот-ците ќе бидат објавени на 10.05.2014.
Со отпочнување на АаД Агенцијата, FEYDOM спонзорира една стипендија (бесплатна школарина) за курс од 12 часа (Пакет 1.) Стипендијата е наменета за усовршување на поединед или група во областа на уметност, архитектура или дизајн (мода, индустриски дизајн, внатрешен дизајн, итн.). Поради големиот интерес и високото ниво на пристигнатите апликации, постои можност стипендијата да биде доделена на повеќе кандидати. Така би ги потикнале и заинтересираните, за помал фонд на часови, да ја поднесат својата апликација.
* Агенција АаД ОРГАНИЗИРА:
Агенцијата АаД е формирана со цел за создавање самостојни, целосно формирани креативни индивидуалци. Агенцијата АаД ги насочува кандидатите да го изготват и претстават својот креативен потенцијал на интернационално релевантно ниво.
– курсеви за подготовка за ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ КРЕАТИВНИ УНИВЕРЗИТЕТИ
– курсеви за подготовка за ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ВРАБОТУВАЊА во креативните индустрии
– курсеви за ИНДИВИДУАЛЕН КРЕАТИВЕН развој
* Начелно курсевите овозмоуваат:
/ подобрување на креативните ПОТЕНЦИЈАЛИ
/ создавање на креативни ПРОЕКТИ
/ подготовка на sketchbooks и дизајн на ПОРТфОЛИО
/ асистенција при дизајн на персонален блог и ВЕБ СТРАНА
/ асистенција при пишување на биографија, curriculum Vitae – СV (по интернационални стандарди)
/ лични РЕФЕРЕНЦИ (на англиски јазик) и ПРЕПОРАКИ до саканите институции
/ асистенција при АПЛИЦИРАЊЕ и избор на УНИВЕРЗИТЕТ и РАБОТНА позиција
* Нивото на професионалното искуство на кандидатот:
Нивото на професионалното искуство на кандидатот не е примарно, кандидатите можат да бидат почетници или поединци со поголемо искуство. Одлучувачкиот фактор за избор е креативниот потенцијал на кандидатот.
* ШТО ДА ИСПРАТАМ?
1. Портфолио (примери од вашата креативна работа)
2. Пополнета апликација
Апликацијата и портфолиото испратете ги на една од следниве две адреси, со наслов:
1.) АаД Агенција / стипендија, Ѓорѓи Пешков 6 (прв кат), 1000 Скопје
2.) aadagencija@gmail.com
* ЖИРИ КОМИСИЈАTA e составена од:
Oсновачите на АаД Агенцијата – * Нада Прља (MPhil), уметник и предавач и * Даниел Серафимовски (MA), архитект и предавач – кои го имаат оформено своето професионално и едукативно искуство во Англија, Данска, Италија и Македонија.
* Филимена Радоњанин (MA), архитект и еден од директорите на Feydom www.feydom.com.mk, дизајнерско студио и фабрика за производство на мек мебел, со подружници во Шпанија, Холандија, Чешка, Бугарија и други земји.
* Matthew Zorpa (MA), главен и одговорен уредник на блогот за мода, стајлинг и внатрешен дизајн www.thegentlemanblogger.com, кој е еден од најзначајните модни блогови во Велика Британија. Видете го неговиот подетален профил. PressPack Gentleman BLOGER.
* Oonagh Young (MA), директор и основач на приватната галерија за современа уметност Oonagh Young Gallery, www.oonaghyoung.com во Даблин, Ирска, создадена во 2008.
Leave a Reply