Skopje Casual (click on the link)
Вчера имавме убава можност да присуствуваме на изложба на три супер млади таленти Виктор Наумовски, Сарах Ислам и Ема Ошаков.
На настанот присуствувавме по покана на Виктор (ни кажа дека сме кул, немаше шанси после тоа да не се појавиме :)) и иако веќе бевме запознаени со неговата работа онлајн, беше вистинско уживање да се погледнат неговите одлични фотографии и „офлајн“ во малку поинаква атмосфера 🙂
Иако беше преголема гужва, се потрудивме да ви доловиме дел од атмосферата и делата на овие млади креативци. Се надеваме дека ќе уживате во фотките исто колку и ние во вчерашната изложба 🙂
Leave a Reply