
Ниво 3
Курсеви за подготовка за аплицирање на постдипломски студии (МA)
Курсот е наменет за стручно дооформување на кандидатите кои веќе имаат дипломирано (BA degree) и претпочитаат нивната понатамошена едукација да ја продолжат на постдипломски студии (МА) во областа на уметноста, архитектурата или дизајнот во странство.
За кандидатите заинтересирани за аплицирање и отпочнување на Универзитетски студии оваа академска година, би го препорачале поскоро аплицирање на АаД курсевите.
Курсот овозмоува:
* Советување при избор на универзитет/и најсоодветни за кандидатот.
* Стручна помош, планирање и финализирање при подготвување потребен број на креативни проекти, кои ќе бидат претставени во портфолиото.
* Помош и насока во подготовката на дигитално и печатено портфолио и подготовката на sketchbooks.
* Развој на вербалните способности за презентација на портфолиото.
* Помош и насока во подготовката на персонален блог или личен веб сајт.
* Стручна помош, насочување и советување при пишување биографија, CV и други описни материјали.
* Насочување и советување при пишување онлајн МA апликација и мотивационо писмо.
* Писмо за препорака (reference letter) од страна на АаД Агенција (во случај на постигнати 8,5 бодови).
* Давање Лична препорака (во случај кога кандидатот достигнува исклучително квалитетни резултати 10.0 бодови). Предавач од агенцијата АаД ќе воспостави контакт со соодветната институција со цел кандидатот да добие предност.
Leave a Reply