
Здраво Млади,
Во пресрет на новите рокови (јануари 2015) за аплицирање за студирање на интернационалните факултети, во академската 2015/16 година, АаД агенција Ве поканува на презентација.
АаД агенција за арт, архитектура и дизајн, ги повикува сите средношколци и студенти на додипломски студии, кои што сакаат да ја продолжат својата едукација на светските креативни универзитети да присуствуваат на презентацијата на активностите на АаД агенцијата, која ќе се одржи во четврток, на 6. ноември во 18 часот, во просториите на АаД агенцијата, на улица Ѓорги Пешков 6, 1. кат, 1000 Скопје. (на Боемската уличка до ресторанот Ганза)
На презентацијата ќе се запознаете со работата и курсевите на АаД агенцијата кои овозможуваат:
– Подобрување на креативните потенцијали,
– Создавање на креативни проекти,
– Подготовка на професионално портфолио и лични препораки,
– Асистенција при избор на универзитети.
Пријавување за презентацијата може да се врши на e-мејл: aadagencija@gmail.com со праќање на Вашите контакт податоци: име и презиме, e-мејл.
Повеќе информации за агенцијата, предавачите и детали за курсевите може да погледнете на
http://aadagencija.com/
Leave a Reply