
НИВО 1
Курсеви за млади (16+)
Овој курс е за младите (16+) кои сакаат да ја осознаат и артикулираат својата креативна способност. Понатаму, овој курс е адекватен за млади кои имаат желба да аплицираат во иднина на додипломски (BА) студии во странство и можат да го посетуваат овој курс во рамки на подолгорочен период.
Овој курс се одржува еднаш неделно и дава можност на младите кандидати да созреат креативно и да го зголемат бројот на нивните креативни проекти, со наше насочување.
За кого е наменет овој курс?
Не е неопходно кандидатите да имаат претходно искуство од областа на креативноста, кандидатот може да биде ученик во средно училиште, со изразена желба за развивање на креативноста. Овој курс, исто така, може да биде и за млади кои веќе студираат на факултети кои не се од областа на креативноста и се заинтересирани за аплицирање на креативен универзитет.
Овој курс не е наменет за подготвување на апликации за работен однос, бидејќи за вработување во креативната индустрија е неопходно факултетско образование. Кандидатите кои имаат поголемо креативно искуство или кандидатите кои имаат помалку од една година да подготват апликација за универзитет, треба да се пријават за Ниво 2.
Со кои способности ќе се здобие кандидатот:
На крајот на курсот, кандидатот ќе покаже способност да експериментира со различни уметнички или дизајнерски медиуми, техники и пристапи. Кандидатот ќе бидете во можност да визуелно претставува различни идеи, преку употреба на истражување, барање на референции и инспирации, користење на sketchbooks, итн. Кандидатот ќе биде подготвен да документира и да ги претстави сите фази на секој индивидуален креативен проект.
Во текот на курсот кандидатот ќе создаде способност за избира, претстави, организира и професионално да претстави група на проекти во формат на портфолио. На крајот, кандидатот ќе се здобие со портфолио кое е валидно интернационално.
Часови
Секој час ќе започне со тоа што предавачот ќе го даде планот и програмата за секој индивидуален проект. Потоа, ќе се прегледува портфолиото на кандидатот, и тој ќе добие можност за самостојна дискусија со предавачот. Кандидатите ќе треба да работат и помеѓу часовите. Овој курс може да има продолжено траење до една година.
Курсот овозмоува:
* Анализирање и предлагање на креативните области адекватни за секој кандидат преку идентификување на најсилните креативни потенцијали на кандидатот
* Советување при избор на универзитет/и најсоодветни
за кандидатот.
* Стручна помош при подготвување на креативни проекти, кои ќе можат да бидат претставени во портфолиото
* Помош и насока во подготовката на дигитално и печатено портфолио и подготовка на sketchbooks.
* Развој на вербалните способности за презентација на портфолиото
* Насочување и советување при пишување лична изјава со потенцирање на разбирањето и визијата на кеативната област за која се аплицира
* Писмо за препорака (reference letter) од страна на агенцијата АаД (во случај на постигнати 8,5 бодови)
Leave a Reply