
Пакет 1.
Овој пакет може да биде земен за било кое ниво ( 1. 2. 3. 4. 5.) во сите три области (арт, архитектура или дизајн). Пакетот за секое поединечно ниво се соостои од:
* Дванаесет часови во траење од 90 минути (на македонски или англиски јaзик);
* Гост/и предавач/и од Македонија (во рамките на 12те часа)
* Вон одржаните часови предавачите изготвуваат план и програма; писмо за препорака (reference letter) (за сите нивоа 1. 2. 3. 4. 5.); лична препорака (за ниво 3. и 5.)
Предавачи: Нада Прља или Даниел Серафимовски и нивни асистенти и сооветници, како и гост/и предавач/и од Македонија (при крајот на курсот) .
Школарината изнесува 15.000 денари за цел курс.
Пакет 2
Овој пакет може да биде земен за било кое ниво ( 1. 2. 3. 4. 5.) во сите три области (арт, архитектура или дизајн). Пакетот се соостои од:
* Дванаесет часови во траење од 90 минути (на македонски или англиски јaзик);
* 2 индивидуални консултации од страна на гост/и предавач/и од универзитети или етаблирани фирми од странство.
* Вон одржаните часови предавачите изготвуваат план и програма; писмо на препорака (referece letter) (за сите нивоа 1. 2. 3. 4. 5.); лична препорака (за ниво 3. и 5.).
Предавачи: Нада Прља или Даниел Серафимовски и нивни асистенти и сооветници, како и гост/и предавач/и од странство (при крајот на курсот)
Школарината изнесува 30.000 денари за цел курс.
Пакет 3
Овој пакет се состои од одржување поединечни часови. Бројот на часовите се определува во договор помеѓу кандидатот и предавачот. Поединечните часови подразбираат давање на дел од услугите од наведените курсеви.
Предавачи: Нада Прља или Даниел Серафимовски и нивни асистенти и сооветници.
Цената на секој индивидуален час е 1.000 денари.
______
Исплатување: Школарината за курсот може да биде исплатена во целост пред почеток на курсот, или на две рати (една на почетокот од кусот, втората по 6 дадени лекции) со зголемување на школарината за 5%.
Дополнителни часови: Во договор помеѓу предавачот и кандидатот, може да се одржат повеќе од предвидените 12 часа за секое ниво (индивидуален дополнителен час по цена од 1.000 денари) во рамките на било кој пакет.
Leave a Reply