Основни ИНФОРМАЦИИ

Агенцијата АаД е формирана со цел за создавање самостојни, целосно формирани креативни индивидуалци. Агенцијата АаД ги насочува кандидатите да го изготват и претстават својот креативен потенцијал на интернационално релевантно ниво.

* Агенција АаД ОРГАНИЗИРА курсеви за подготовка за ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ КРЕАТИВНИ УНИВЕРЗИТЕТИ и курсеви за ИНДИВИДУАЛЕН КРЕАТИВЕН развој

 

* Начелно курсевите овозмоуваат:

/ подобрување на креативните ПОТЕНЦИЈАЛИ

/ создавање на креативни ПРОЕКТИ

/ подготовка на sketchbooks и дизајн на ПОРТфОЛИО

/ асистенција при дизајн на персонален блог и ВЕБ СТРАНА

/ асистенција при пишување на биографија, curriculum Vitae – СV (по интернационални стандарди) и мотивационо писмо

/ лични РЕФЕРЕНЦИ (на англиски јазик) и ПРЕПОРАКИ до саканите институции

/ асистенција при АПЛИЦИРАЊЕ и избор на УНИВЕРЗИТЕТ

 

* Нивото на професионалното искуство на кандидатот:

Нивото на професионалното искуство на кандидатот не е примарно, кандидатите можат да бидат почетници или поединци со поголемо искуство.

 

Макети на студенти по архитектира на Даниел Серафимовски
Макети на студенти по архитектира на Даниел Серафимовски од Лондонскиот Метрополитан Универзитет. 2012

 

Пријавување: Рокот за пријавување не е ограничен. За кандидатите кои имаат помалку од една година да се подготват за апликација за универзитетот (академска 2015/16), се препорачува  да се пријават што е можно порано.

.

Прифаќање на кандидати: Пополнете ја пријават. од дадениот линк или од испечатениот каталог. Пратете ја на емаил или по писмо, на една од следните адреси:

Е-mail: aadagencija@gmail.com
Адреса: АаД Агенција, Ѓорѓи Пешков 6 (прв кат), 1000 Скопје.
По поднесувањето на пријавата, со кандидатот се спроведува соодветно интервју, со еден од надлежните предавачи. По интервјуто, примените кандидати добиваат повратно писмо/емаил со изјава за примање *1.
.
Структура на часовите: Еден час трае 90 минути во рамките на што ќе се одвива наставата и стручната помош на кандидатот. Времето за одржувањето на лекциите ќе биде договорено помеѓу предавачите и кандидатот *2. На крајот на секоја лекција ќе бидат дадени инструкции за понатамошното продолжување на работата. Часовите започнуваат без одлагање во договореното време *3.

Во средината на курсот кандидатот ќе биде оценет со бодови од  1-10. За постигнатите бодови кандидатите ќе бидат известени преку е-маил по завршувањето на секој час. Ако е постигнат резултат со повеќе од 8,5 бодови на крајот на курсот, од страна на предавачите се дава писмо за препорака (reference letter) на англиски јазик.Ако станува збор за исклучителен кандидат, предавачите од агенцијата АаД  ќе се обидат да вооспостаат личен контакт со предавачите од посакуваниот универзитет или релевантните индивидуи, со цел да го предложат и поддржат кандидатот.

.

Поединечни часови и групни вежби: Принципот на одвивање на часовите во тек на курсот е на индивидуална основа (предавач и студент). Во одредени фази на курсот може да се понуди и групна вежба, заради заедничко разгледување на проектите, коментирање и насочување на кандидатите.

.

Напомена: Курсот на агенцијата АаД на сите кандидати им дава можност за стручно насочување и едуцирање согласно наведеното, но не може да гарантитра за уписот на посакуваниот универзитет во странство ниту за прием на определено работно место.

_______

* 1  Агенцијата АаД го задржува правото да не прифати потенцијални кандидати, кои ќе покажат послаби резултати на интервјуто и можат да имаат помали шанси да бидат примени на посакуваниот  универзитет/ работно место, или не постои можност за поодобрување на креативните способности на кандидатот. Со други зборови, ако се оцени дека поединецот нема да имаат корист од курсот, предавачот го задржува правото да го извести кандидатот за тоа.

* 2 Треба да се земе во предвид дека професионалните ангажмани на предавачите не дозволуваат предавачите да бидат достапни во секое време.

 *3 Ако кандидатот не биде присутен на повеќе од 80% од определениот број часови, договорот се прекинува, последните два часа нема да бидат одржани, а вложените средства нема да бидат вратени.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: