КУРСЕВИ на АаД Агенцијата

Нада Прља со студенти во галеријата Calvert 22, Лондон
Нада Прља со студенти во галеријата Calvert 22, Лондон


Курсот се состои од бројни активности кои ќе помогнат да се создаде целосна професионална и визуелна презентација на кандидатот, при апликацирање на сите креативни универзитети или при барање работа во креативни индустрији најважниот и одлучувачкиот материјал е портфолиото на работни проекти.

Се случува изготвеното портфолио за апликација на некој факултет за уметност да содржи извонредни цртежи на портрет и акт, но ваковиот пристап кон поодготвувањето на портфолиото не може целосно да ги информира професорите надлежни за прием, за севкупните квалитети на кандидатот.

Една од причините за создавањето на оваа Агенција е желбата за надминување на потенцијалното несовпаѓање помеѓу барањата за аплицирање на меѓународните универзитети и на  меѓународните работни места и претходната несоодветна подготовка на кандидатите.

Со создавањето на успешено и впечатливо портфолио кандидатот се преставува во најдобро светло без оглед на медиумот искористен за неговото сооздавање. Портфолиото е претставување на сопствената индивидуалност, еден вид на ‘личо брендирање’. Основната дејност на агенцијата АаД е да создаде квалитетно индивидуално портфолио кое содржи работни проекти, како и разбирање и визија во поглед на областа за која е заинтересиран кандидатот.

Другите активности на Агенцијата се подготовка на кандидатите за останатите аспекти на аплицирање, како на пример – пишување биографија и Curriculum Vitae, помош во пишување лична изјава, соодветни препораки, итн. Барањата на кандидатите можат да бидат различни, затоа Агенцијата ја поддржува ‘made-to-measure’ метод на работа. Со други зборови се подржува индивидуалната работна шема во согласност со потребите на секој кандидат поединечно.

Во рамките на активностите на Агенцијата се нудат неколку различни нивоа на курсеви во областа на уметноста, архитектурата или дизајнот:

 

Ниво 1

Ниво 1  Курсеви за млади (16+)

Ниво 2  Курсеви за подготовка за аплицирање на додипломски студии (BA) / брз курс

Ниво 3  Курсеви за подготовка за аплицирање на постдипломски студии (МA)

Ниво Курсеви за подготовка на апликации за професионален ангажмани 

Ниво 5   Курсеви за личен креативен развој

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

Up ↑

%d bloggers like this: