Со оглед на искуството на предавачите, агенцијата АаД може да помогне во соодветното подготвување на кандидатите за продолжување на нивниот едукативниот процес, или за развивање на професионалната кариера на кандидатите.
Стручната подготовка и едукација преку соодветните курсеви ја изведуваат предавачите во агенцијата АаД. Главните предавачи се Нада Прља (уметник) и Даниел Серафимовски (архитект), а повремено се остварува соработка и со други предавачи. Прља и Серафимовски, имаат повеќегодишно искуство и професионален ангажман надвор од границите на Македонија (видете ја нивната пооцелосна биографија во прилогот).
Како дел од професионалните ангажмани, Прља и Серафимовски имаат учествувано во Комисиите за прием на нови студенти (за уметност – на Royal College of Art, Лондон, за архитектура на London Metropolitan University, Лондон). Освен тоа, Даниел Серафимовски има спроведувано индивидуални интервјуа како надлежен професор за примање на нови студенти на истоимениот универзитетот. Нада Прља во рамките на својот професионален ангажман, има предавано предмет Подготовка на портфолио (за постдипломски студии и професионални ангажмани) на два интернационални универзитети (London Metropolitan University и Istituto Marangoni).
Како професори во високообразовни институции, тие имаат пишувано професионални препораки за своите студенти и други сооработници, па нивното искуство директно може да влиае врз квалитетот на aпликациите на кандидатите во областа на уметноста, архитектурата или различни гранки на дизајнот.
Прља и Серафимовски имаат насочувано и помагано на многубројни студенти успешно да го продолжат своето образование на престижните универзитети или да добијат соодветно вработување. Некои од универзитетите на кои се запишале студенти по препорака на Прља и Серафимовски се: АА Architectural Association,Royal College of Art, Goldsmiths University, Parsons University, UCL (University College London) и други.
Visiting Tutors
Агенцијата АаД има во предвид во текот на курсот да покани и други предавачи и професионалци од Македонија, кои со својот ангажман дополнително ќе бидат вклучени во работата на курсот (за цена на оваа услуга – види додаток ЦЕНИ / Пакет 1). Предусловот да се биде Visiting Lecturer во агенција АаД е да предавачот има студирано или да имал работно искуство во странство, релевантно на трите насоки на агенцијата АаД.
Во текот на курсот (за цена на оваа услуга – види додаток ЦЕНИ / Пакет 2) АаД Агенцијата ќе покани еминетни интернационални предавачи и професионалци кои ќе ја проценат работата на кандидатите.
За информации за поединечните предавачи одете на линковите:

Leave a Reply